Живот

Тој е најмлад милијардер на светот, оди со супермоделoт Миранда Кер и никогаш немале секс

Австралискиот супермодел Миранда Кер е верена со ко-основачот на Snapchat, Еван Спигел, но судејќи според она што неодамна го изјави, тие двајца досега уште немале сексуален однос бидејќи Спигел се чувал за првата брачна ноќ.

Во искреното интервју за The Times, 33-годишната Кер призна дека нејзиниот седум години помлад вереник, најмладиот милијардер на светот, е прилично традиционален во сфаќањата и погледите, имплицирајќи дека тие двајца досега никогаш немале секс.

Додека пиеше коктел без шеќер во еден холивудски бар, призна дека според нејзино мислење дивиот живот на Кејт Мос остава траги на нејзиниот изглед, а себеси се нарече „штреберица“.

Манекенката која има син со актерот Орландо Блум, Спигел ја запозна пред три години, а на крајот од 2017 планираат венчавка. На прашањето дали планира уште едно дете, одговори: „Уште не. Не додека не се венчаме. Мојот партнер е многу конзервативен и традиционален“.

На дополнителното прашање дали тоа значи дека целосно апстинираат од секс, малку се збуни.

„Не можеме…Мислам, ние само…чекаме“, изјави збунето Кер.

Миранда претходно изјави дека немала поим кој е Спигел кога го запознала на вечера од Луи Витон во Лос Анџелес. „Мислев дека е сладок, но и премлад за да го сфатам сериозно за било што“, вели таа.

Денес е опседната со Snapchat, додека Facebook не може да го смисли, посебно бидејќи според нејзино мислење му ги крадат сите идеи на нејзиното момче.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button