Избор на уредникотМакедонија
Тетовци повторно на улица ќе бараат правда за д-р Бобан Вучевски
Во понеделник од 9 часот повторно се организира мирен протест пред Основниот суд во Тетово, заради, како што велат организаторите, (не)правдата кон д-р Бобан Вучевски.
Докторот кој е тетовскиот херој од корона-пандемијата е обвинет како одговорен за страшниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе. Сите, кои сакате да му дадете поддршка на овој хуман човек и да изразите револт за овој судски процес, добредојдени сте. Се гледаме пред суд и остануваме таму до крајот на рочиштето тој ден, пишува на настанот отганизиран на социјалните мрежи.