Избор на уредникотМакедонија
Тепачка меѓу ученици во Скопје, малолетник прободен со нож
Попладнево се случила масовна тепачка меѓу две групи пред средното училиште „Марија Кири Склодовска“ во Скопје.
Како што соопштуваат од МВР еден малолетник е прободен и пренесен на Клиника.
„Во 17,00 часот на бул„3-та Мак.Бригада“ имало нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи. Со убодна рана се здобил У. Д. (17) и од страна на ИМП е пренесен во УЦ„Мајка Тереза“, информираат од МВР.