Светиот новомаченик Никола Пантопол, како момче пострада за Христовата вера
Собор на сите македонски Светители
Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Јосиф, архиепископ Солунски, свети Агатангел Битолски, свети Георгиј Кратовски, света Кирана Солунска, свети Никита Серски, света Матрона Солунска, свети Јован Кукузел, свети Александар Солунски, свети Еразмо Охридски, свети Нектариј Битолски, свети Анастас (Спасо Радовишки), света Васа Солунска, света великомаченичка Злата Мегленска, свети Ефтимиј Солунски, свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици, свети Роман, епископ Македонски, свети Николај, архиепископ Солунски, свети Зиновиј и Зиновија Егејски, света Тесалоникија, свети Ангел Лерински, свети маченик Христо, свети Никодим Охридски, преподобен Петар Мегленски, преподобен Иларион Мегленски, преподобен Акакиј Серски, преподобен Дионисиј Костурски, преподобен Јаков Костурски, преподобен Петар Атонски, преподобен Теофил Струмички, преподобен Давид Солунски, преподобен Атанасиј Атонски, преподобен Никодим Елбасански, преподобен Јован Рилски и мноштво други кои засветиле во подвигот на овие македонски простори.
Зачнувањето на Св. Јован Крстител
Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и на Самсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Предвесник од бездетните Захарија и Елисавета. Преку Своите ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог, Којшто од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади. Наместо љубопитност да Му воздадеме пофалба на Бога, Којшто често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во коишто оковани ние, без вонредните Божји чуда би паднале во очајание и богозаборав.
Тропар
Ти, која порано неплодна беше, сега развесели се, зашто го зачна светилото кое го најави Сонцето, Кое ќе ја прослави целата Вселена, која од слепост боледуваше. Ликувај, Захарие, смело повикувајќи: Оној што треба да се роди е пророк на Севишниот.
Светата маченичка Ираида
Негде ја нарекуваат Раис или Раида. Таа е девица од некој мисирски град Ватан, значи по с ? изгледа Мисирка. Еднаш Ираида излезе да нацрпи вода од бунарот во близина на морето и здогледа кораб наполнет со врзани христијани: свештеници, ѓакони, монаси, жени и девојки. Се распраша и дозна дека сиот тој народ мачители-незнабожци го водат за да го мачат на смрт заради името на Господ Исус Христос. Во срцето на младата Ираида се разгоре желба и самата да пострада за Господ. Ги остави садовите крај бунарот, влезе во коработ и исповеда дека и таа е христијанка. Веднаш и нејзе ја врзаа заедно со останатите и ја одведоа во мисирскиот град Антинопол. После разновидни измачувања, најпрво ? ја отсекоа главата на Ираида, а потоа на останатите. Чесно пострада и се прослави во 4 век.
Тропар
Прилепувајќи се кон Женикот на душата твоја, Ираидо света, на испит се постави срцето твое, и ти повторно се откажа од демонските мечтаења, бирајќи Го Христа и вечната вистина. Затоа смерно од Бога венец маченички доби, а ние чест и поклонение ти воздаваме, надевајќи се на твоите молитви, света девственичке.
Светиот новомаченик Никола Пантопол
Како момче пострада за Христовата вера од Турците во Цариград, во 1627 година. Таму се беше преселил татко му од Тесалија. Името Пантопол значи оној којшто продава с ? и сешто, а Никола го стекна бидејќи неговиот татко држеше ваква продавница. После многу принудувања да се потурчи и мачења затоа што не сакаше да се потурчи, го убија со меч. Моштите му почиваат во манастирот Ксиропотаму на Света Гора.
Тропар
Силниот оган на љубовта Христова пламтеше во срцето твое, Никола свети мачениче, и тебе ништо не те одвои од Господа, по Кого иташе како кошула по воден извор. Отфрлајќи ја агарјанската заблуда, Бога Го исповеда, лагата ја исмеа и венец маченички Господ ти дарува, со кој и нас закрили н? во славата ти дадена, во Небесното Царство Христово.