Светиот новомаченик Јован, пред смртта возвикна: „Спомни си за мене, Господи, во царството Твое!“
Светиот новомаченик Јован
Родум од местото Коница во Албанија. По род е муслиман, од родители муслимани. Но подоцна, штом ја виде чудесната сила на христијанската вера на разни места и во разни случаи, тој се крсти. За ова беше обвинет и изведен пред турски суд. Намачен е за Христовата вера од Турците во Етолија и убиен со меч после мачење, во 1814 година. Пред смртта возвикна: „Спомни си за мене, Господи, во царството Твое!“
Тропар
Благодатта Господова како ново вино во нов сад беше положена, во срцето твое, о Јоване свети мачениче, и ти озарен од љубовта Божја се приклони кон вистината, оставајќи ја измамата на телото. Затоа смртта повторно вкуси од адот, тебе венец непропадлив ти донесе во Царството на вечноста, од каде за нас моли се, ти кого Господ го приведе кон Себе.