Избор на уредникотРелигијаТоп

Светиот маченик Никола Караман, мачен за верата Христова

Светиот маченик Никола Караман

Луто мачен од Турците за верата Христова и обесен во Смирна во 1657 година.

Тропар
Вистината на верата слобода ти подари, иако телесно во ропство живееше, свет Христов мачениче Николае, и затоа воскликнуваше дека без Христа ништо не си, прифати венец и Крст маченички за да стигнеш до Господовите дворови, како птица рајска која за нас се моли, во вечни вековиСвети Николај, епископ Патарски

Свети Николај, епископ Патарски

Тој е чичкото на големиот светител Николај. Го поучи во духовниот живот и го ракоположи за свештеник.

Свети Теофил, епископ Антиохиски

Како добро школуван во елинската философија откако го прочита Светото Писмо се крсти и стана голем заштитник на христијанската вера. Неговото дело „За верата“ е сочувано до денес. Управуваше со Црквата во Антиохија тринаесет години и се упокои во 181 година.

Тропар
Богомудар те направи Изворот на животот, и те приведе тебе, епископе свет, Теофиле, ловец на души човечки да бидеш. А ти како верен слуга на Пастиромаченикот нe обогати нас со слово живо и молитви на кои се повикуваме, помилувани од Христа Бога да бидеме.

Поврзани вести

Back to top button