РелигијаТоп

Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа

Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа

Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ? стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ? горчливо ја мачеше со затвор и глад. А уште поголеми маки ? наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по затворите, им носи понадици, ги служи, им ги мие раните, им ги одврзува јажињата. По Божја Промисла беше ослободена од свирепиот маж. Царот го испрати Публиј во Персија, а тој патувајќи по морето потона. Тогаш Св. Анастасија почна слбодно да им служи на мачените христијани и своето големо наследство да го троши делејќи им милостиња на сиромасите. Еднаш царот Диоклецијан беше во градот Аквилеја и нареди да му го доведат Христовиот исповедник Хрисогон. Него по патот го придружуваше Св. Анастасија. На заповед од царот на светиот Хрисогон му ја отсекоа главата. Тогаш пострадаа и трите сестри Агапија, Хионија и Ирина (под 16 април): првите две беа фрлени во оган, а третата прострелана со стрела. Нивните тела ги зеде Света Анастасија, ги завитка во бело платно и откако ги обложи со многу аромати чесно ги погреба. Потоа отиде во Македонија и таму им помагаше на Христовите страдалници. Овде ја препознаа како христијанка и за ова ја фатија и ја водеа на сослушување и мачење кај разни судии. Сакајќи да умре за возљубениот Христос, Анастасија непрестајно во срцето ревнуваше кон Него. Еден началник на жреците Улпијан сакаше сладострасно да ја оскверни, но одеднаш ослепе и издивна. Осудена на смрт со глад Света Анастасија прележа во затворот триесет дена без храна, хранејќи се единствено со солзи и молитва. Потоа ја ставија на кораб со уште неколкумина христијани за сите да ги потопат, но Бог ја сочува и од таа смрт. Најпосле ја положија над оган да виси приврзана со рацете и нозете со четири јазли, па ја предаде својата света душа на Бога. Пострада и премина во Христовото Царство во 304 година.

Тропар
Господ твојот Бог, о света Анастасијо, тебе те пронајде како чист сад, преку кого ќе се разрешуваат луѓето од тегобите на гревот, раните на телото, малаксаноста на духот, моли се за нас, ти, која милоста Господова на земјава ја распростираш, до крајот на вековите.

Светата маченичка Теодотија со трите деца

Кога остана млада вдовица со три деца Теодотија целосно се предаде на служба на Бога. Децата ги воспита благочестиво. Кај неа живееше Света Анастасија кога беше во Македонија и заедно со неа ги обиколуваше Христовите заробеници по затворите. Кога ја изведоа на суд Света Теодотија неустрашливо Го исповедаше Господ Исус Христос. Тогаш ја испратија кај антипатот витиниски Никитиј. Еден бесрамен незнабожец сакаше да ? го допре телото, но одеднаш здогледа пред неа ангел Божји, којшто го удри и не му дозволи. Света Теодотија беше осудена на смрт и фрлена во вжарена печка заедно со нејзините три деца. Чесно го завршија животот на земјата и отидоа во Царството на вечната слава.

Тропар
Мајко Теодотијо, Христова слугинко, Господ од утробата твоја, три благопријатни садови изведе, кои за нас пред Него, благопријатен мирис молитвен постанаа, а од срцето твое породи вечно застапништво, за оние кои Бога Го љубат, а тебе денес те чествуваат.

Преподобен Никифор Лепрозен

Основата врз која се појавил Божикниот пост бил постот спроти празникот Богојавление, кој во Црквата се празнува од III век, а во IV век бил поделен на празниците Рождество Христово и Крштение Господово. Божикниот пост започнува на 15/28 ноември и трае до 25 декември/7 јануари, односно 40 денови, поради што во Типиконот, како и Великиот пост, се нарекува Четириесетница. По зборовите на блажен Симеон Солунски, „постот на Божикната Четириесетница го изобразува постот на Мојсеј, кој откако постел 40 денови и 40 ноќи, ги добил на камени табли Божјите заповеди. А ние, постејќи 40 денови, го созерцуваме и го примаме живото Слово од Дева, изобразено не на камења, туку воплотено и родено, и се приопштуваме на Неговата Божествена плот“. Божикниот пост е установен за да се очистиме за денот на Рождеството Христово преку покајание, молитва и пост, за со чисто срце, душа и тело да можеме благоговејно да Го сретнеме Божјиот Син, Кој дојде во светот и за Нему да Му го принесеме нашето чисто срце и решеност да го следиме Неговото учење.

Поврзани вести

Back to top button