Свекорот на Јелена паднал на полиграф, пејачката била убиена во куќата на Марјановиќ?

Објавено: петок, 15 април 2016 во 11:02
Spread the love

Како што пренесуваат медиумите свекорот на Јелена, Владимир не го поминал полиграфскиот тест.

Расветлувањето на убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ кое се случило на 2 април се уште не е разрешено, а полицијата неуморно го бара сторителот на злосторството кое ја шокираше јавноста и внесе страв кај жителите во белградската населба Борча.

1svekor

Полицијата наводно има нови сознанија и постои сомневање дека во убиството на пејачката се вмешани некои од  членовите на најблиското семејство, а се истражува и дали пејачката е убиена во својата куќа, пренесуваат извори на некои од медиумите.