Отпрвин, сè звучело како приказна што произлегла од фантазијата на едно момче, додека не изнесе детали кои ја оправдуваат приказната..
Имено, кога Колтон имал четири години, тој морал да оди на операција откако имал тешко заболување на слепото црево. Се работело за ризична постапка, а родителите биле предупредени да очекуваат и најлош исход. Сепак, Колтон преживела, но за време на операцијата, тој го напуштил своето тело за момент и вели дека го видел Исус.
Тој тврди дека накратко бил во рајот, дека видел коњи во разни бои, како и дека ангелите пееле “Исус те сака” и тие навистина имале крилја. Сето тоа звучело како измислена приказна на едно 4-годишно дете, сè додека не почнал да кажува факти што никој не му ги кажал. Имено, момчето раскажало како во оваа прилика покрај Исус ја запознал и неговата сестра Соња, која никогаш не била родена бидејќи неговата мајка имала спонтан абортус, а неговите родители никогаш не зборувале за неа.
Меѓудругото, момчето, додека било надвор од своето тело, рекло дека го видело неговиот татко како се расправа со Бога. Патем, Тод Бурпо, таткото на Колтон, навистина бил затворен во друга просторија каде што му викал на Бога. Целата приказна го инспирираше Холивуд да направи филм “Рајот постои”.