Суровата албанска мафија ја тресе Европа и Балканот: 15 фамилија го контролираат наркобизнисот, еве кои се
лбанските кланови преку недвижности „испрале“ дури 1,5 милјарди евра во Србија, Црна Гора и на Косово, во текот на последните 10 години. Тамошните кланови соработуваат со клановите во Црна Гора и Косово, а се занимаваат и со шверц на дрога и оружје, објави српски Курир.
Се смета дека не постои единствена организација на албанската мафија на глобално ниво како Коза Ностра, туки дека станува збор за албански кланови кои „оперираат“ на одредени простори и меѓусебно многу добро соработуваат.
Постои мислење дека кланот (фис, братство, фамилија) има „извршен комитет“ кој се нарекува „бајрак“ и кој ги бира челниците на сите единици задолжени за конкретни работи или територии. Тој челник се вика „крје“ (глава на албански), а неговиот заменик „крјетар“ (ороводец). Тој потоа бира „пријател“ (мик) кој делува како врска меѓу него и обичните „војници“.
Албнските кланови се исклучително затворени и смета дека е најтешко да се инфилтрира во нивните редови. Членовите на кланот навистина се роднини (од потесно до пошироко семејство), а браковите играат важна улога во ширењето на клановите.
Се верува дека нарко-бизнисот во Албанија го контролираат 15 семејства. Со години се пишува дека Скадар го држи моќниот клан Шакиа, кланот Аљуши се наоѓа на подрачјето на Кучај, а на списокот на познати имиња се и семејствата Османи и Кељменци, чиј водач Насер Кељменди е осуден на 10 години затвор во Приштина во февруари 2018 година.
Во медиумите често се споменуваат и кланови со кои раководат семејствата Кула, Абази, Борици и Брокај, а за кои најчесто се тврди дека под команда држат речиси 20 косовски „фамилии“ кои заедно го контролираат, не само пазарот со наркотици, туку и шверцот со дрога, оружје, цигари, проституција, рекетирање, перење пари и уцени.
Затвореноста на клановите во Албанија, но и ширум Европа, во директна врска е со силната политичка позадини која некако успеваат да ја обезбедат каде и да „оперираат“, за што потврдуваат и извештаите од Викиликс.
Некои аналитичари дури тврдат дека самата мафија е посилна од официјална Тирана, зошто има големо бвлијание на политиката и правосудството, па дури и поседува сопствена параполиција.