Свет

Суперјахта на „руски бизнисмен“ се запали во турско пристаниште (ВИДЕО)

Јахтата се запалила во четвртокот додека била вкотвена во пристаништето кое се наоѓа на југозападниот Тиркизен брег на Турција на Медитеранот.

Огнот бил толку силен што јахтата морала да биде одвлечкана за да не се запалат другите бродови, иако на луксузниот брод бил забележан еден човек. Човекот подоцна бил идентификуван како капетанот на бордот, Владимир Лопата, кој вдишал од отровниот чад и бил пренесен во болница.

Според Дејли мејл, бродот му припаѓа на руски бизнисмен, додека некои коментари на Јутјуб сугерираат дека тој е Украинец.

Бродот е јахта од типот Принцес 95 наречена „Кралица Ана“. Овој тип суперјахти со голем број персонализирани додатоци беа претставени во 2009 година, и имаат главна соба за престој, ВИП салон и две спални соби. Истрагата за инцидентот е во тек.

Поврзани вести

Back to top button