Сугарески: Носиме закон со кој никому во иднина нема да му текне да прави дивоградби
Министерот за транспорт Горан Сугарески во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ рече дека се она што е сторено ов изминатиот период е направен за во иднина никому да не му текне да прави дивоградби, бидејќи не само што е казниво со закон, тоа е и практично неисплатливо.
– Не случајно се тие правни норми во делот на цената, 100% по редовен пат кои ќе треба по редовен пат да се платат и плус 50% казна. Во охридско – струшкиот регион во тој дел е комплетно затворен и не може да се градат нови дивоградби, но за жал се уште не добив одговор од ВМРО-ДПМНЕ од кои поднесоа над 1.000 амандмани и така практично го блокираат законот – вели Сугарески, одговорајќи на прашањето околу легализацијата на дивоградбите, нивното стопирање и дали е тоа обид за да се собираат политички поени или реално да се заокружи циклусот на легална урбанизација.