Бизнис
Струјата за оние кои трошат повеќе во Албанија поскапува за четири пати
Регулаторниот завод за енергетика одобри зголемување на цената на енергијата за 4,4 пати за потрошувачите од домаќинствата кои месечно трошат повеќе од 800 киловати електрична енергија.
Така, домаќинствата кои ќе ја надминат оваа вредност повеќе нема да плаќаат енергија по 9,5 лека (5 денари), туку по 42 лека (22 денари) за киловатчас.
По предлогот на владата оваа цена најпрво ја прифати албанската електро корпорација, КЕШ, како ексклузивен снабдувач.
Опозицијата реагираше на одлуката и побара вакво поскапување да не се случува и приоритет да бидат граѓаните, а не интересот на владата.
Оваа одлука ќе се применува до 31 декември годинава а се смета дека ќе бидат погодени над 60 илјади домаќинства.