„Срцето на Сибир“ од кое можеби ќе зависи иднината на светот
Огромно како море и длабоко како океански ров, руското езеро Бајкал важи за едно од најголемите светски природни чуда.
Со површина поголема од Белгија, Бајкалското езеро содржи речиси една четвртина од сите светски залихи на свежа вода, што е повеќе од сите пет американски езера заедно.
Бајкал во секоја смисла езеро за суперлативи. Бајкалското корито е толку големо што на сите реки во светот ќе им биде потребна една година за да го пополнат. Повеќе од 300 реки се влеваат во Бајкалското езеро, а само една се излева од него. Станува збор за реката Ангара, која се влева во Акртичкиот океан на север.
И покрај заканите кои со себе ги носи изградбата на гасоводите и човечката активност, Бајкал практично е недопрен, а заштитен е од вообичаените загадување пред сè благодарение на својата изолирана локација.
Се наоѓа во срцето на Сибир, на околу 3.500 километри од Пацификот и околу 4.000 километри од Москва. Ваквата географска положба исто така укажува и на фактот дека до Бајкал не е лесно да се дојде.
Патот до езерото оди преку рускиот град Иркутск, во кој се наоѓа станицата на славната Транс-сибирска железничка. Во овој град исто така постојат директни летови за Москва и Пекинг.
Независно од сезоната и локацијата, неверојатната убавина на Бајкалот привлекува уметници, фотографи и туристи во голем број, во текот на целата година.
Со својата единствена флора и фауна, како и фасцинантна локална култура, “сибирското свето море” е едно од место местата кои секако мора да се посети.