Избор на уредникотСвет

Србин, Русин и Мексиканец фатени со 800 килограми кокаин (ФОТО)

Во голема меѓународна полициска акција во близина на Азорските острови во Аталнскиот океан, беа запленети 800 килограми кокаин, а на некои од вреќите со дрога отшампани се фотографии од Гаврил Принцип.

Уапсени се државјани од Мексико, Емануел Алехандро Ацевес Куевас, државјанин на Русија, Сергеј Расокхин и државјанин на Србија, Владислав Фунштајн.

Vladislav Funštajn

Во Србија уапсени се татко и син, Мирко и Драган Ѓанковиќ. Фунштајн инаку пред три години бил уапсен и во Хрватска со група која шверцала повеќе од 100 килограми марихуана.

Mirko Đanković

Кокаинот го запленила полицијата на Шпанија на основа на оперативни информации кои им ги доставиле припадниците на Службата за борба против организиран криминал на Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

Dragan Đanković i Vladislav Funštajn

Припадниците на оваа организирана криминална група се товарат дека во повеќе наврати патувале во земја во Латинска Америка, каде вршеле подготовки за преземање и криумчарење кокаин.

Постои сомнение дека за потребите за транспорт на кокаин купиле едрилица на која во Мкесико извршиле неопходни преправања во конструкцијата на шуплините на пловилото.

Sergej Rašohin

Emanuel Alehandro Aseves Kuevas

На осомничените кои се уапсени во Србија им е одредено задржување до 48 часа и тие, со кривична пријава, биле приведени во Обвинителството за организиран криминал.

Поврзани вести

Back to top button