Живот

Совршен период на плодност: Најмногу бебиња се зачнуваат околу Божиќ

Иако Божиќното опкружување не му штети на наталитетот, е вистинска причина за поголем квалитет на спрема и јајце клетки во текот на зимата. Бебињата зачнати во ова време имаат посилни коски од врсниците. Докажано е дека во септември се раѓаат најмногу бебиња, што значи дека се зачнуваат околу Божиќ. Иако празниците се време на дружење и опуштање, тоа не е единствена причина за есенскиот „бејби бум“. Алкохол, среќа, повеќе престој во затворено и романтична атмосфера сигурно не му штетат на наталитетот, но новото истражување открило дека вистинска причина за тоа е всушност- биологијата.

Во магазинот „Obstetrics and Gynecology“ објавено е дека причина за зголемен број на зачетоци во декември е тоа што во текот на студените, зимски месеци квалитетот на сперма е на највисоко ниво, а поради промените во дневната светлина женските јајце клети во зима се најчувствителни. Тоа е практично совршена комбинација за плодност. Значи, ако не брзате за проширување на семејството, бидете дополнително вниматели. Во спротивно – уживајте!

Децата зачнати во овој период од годината, ќе бидат според британското истражување, во просек повисоки околу 5 мм во однос на децата родени на пролет или зима. Сонцето тука има голема улога бидејќи бебе во последното тримесечие на бременоста, кое паѓа во топлите месеци обезбедува значително поголема доза на витамин Д во однос на останатите бебиња.

Поврзани вести

Back to top button