„Совест“ за Али Пашината џамија: Заев со бомбониера да дојде на отворањето и легализирањето на дивоградбата
Заврши изградбата на минарето на Али пашината џамија во Охрид. Додека изминатите месеци тајно зад паравани од платно се градеше, денеска е откриен верскиот објект а на него е поставена кровна конусна купола.
Од здружението Совест кои во повеќе наврати бараа стопирање на нелегалните градежни активности велат дека охриѓани се измамени, разочарани и превеслани и го повикаа премиерот Зоран Заев да дојде на „отворањето и легализирањето на дивоградбата.Инаку во чаршијата се шпекулира дека дека на 6 јуни ќе се отвора обновената џамија.
„Еве и ние од „Совест“, додека си чекаме да не (не) покани за да се реши проблемот, додека неповратно го губиме статусот на Заштита од УНЕСКО, јавно го покануваме премиерот Зоран Заев да дојде со бомбониера на легализирање и отворање на дивоградбата – Али Пашина џамија со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид. Да му порачаме да нема гајле Охрид си стана Исламабад на Балканот и стана најголема атракција и приказ како со дијалог се решаваат проблемите на религиите. Сега заради повеќегодишната толеранција на безаконието од сите влади на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе има мораториум на донесување планови на цело подрачје на град Охрид, каде наместо само тој мораториум треба да важи за централно градско подрачје и крајбрежието кое е во таа заштитена зона, истиот ќе важи за „будали“ луѓе кои веќе почитувале закони и си чекале дозволи за градба, а во меѓувреме куќите им станале трошни и подложни на рушење, па сега нека пропаднат сосе куќите нека ги снема најдобро зошто верувале во закони и правда. Разочарани, измамени, превеслани, Ве поздравуваат Охриѓани, порачаа денеска од „Совест“, преку својот Фејсбук профил.