Свет

Сопругата на Ердоган: Харемот беше училиште за жените

Емина Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ги опишала харемите на османлиските султани како „училишта за подготвување на жените за животот“.

Коментарат го дала само еден ден откако нејзиниот сопруг предизвика протести во Турција со изјавата дека смета дека „жената е, пред сè, мајка“, во говорот којшто го одржал на Меѓународниот ден на жените, пренесува британски „Гардијан“.

Потоа, следувала критики дека владата на Ердоган се обидува да наметни стриктни исламски вредности во Турција и да ги намали цивилните права на жените.

– Харемот беше училиште за членките на османлиската династија и едукативна установа за подготвување на жените за живот –  рекла првата дама на Турција на еден службен настан во Анкара, пренесуваат локалните ТВ-станици.

Претседателот Ердоган порано беше критикуван за прозивање на Турчинките да имаат најмалку три деца и за одградување од напорите контролата на раѓање да се прогласи за „предавство“.

Ердоган и неговата сопруга редовно ја истакнуваат својата лојалност на исламските принципи и вредности на старото Османлиско царство, на чии урнатини настанала модерната турска држава во 1923 година.

Поврзани вести

Back to top button