Собраните пари од Водици во Гостивар донирани во изградбата на манастир

Објавено: среда, 25 јануари 2017 во 11:16
Spread the love
Организациониот одбор за прослава на Водици во Гостивар парите собрани од доброволните прилози на граѓаните ги донира во изградбата на манастирот „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана.

– Фаќањето на крстот е голема среќа и за мене тоа е света работа. Од тие причини, парите со кои ме даруваа моите сограѓани сакав да ги наменам за некоја убава цел. Мислам дека секој што е во можност треба да помогне за неговото довршување, изјави Павел Давидоски, непосредно по уплатата на средствата.

На годинешното, возобновено чествување на празникот Водици по седумдецениска пауза, на Павел појде од рака да го извади светиот крст од водите на Вардар меѓу триесетината гостиварци. Манастирот во населбата Циглана започна да се гради во 2014 година и е првиот православен храм во Гостивар што се гради по повеќе од еден век.