Со земјите од ЕУ ќе се комуницира како дома, се укинува роамингот
Оваа година треба да стапи на сила договорот за роаминг, според кој сите повици на мобилни телефони, исто како и користењето на интернет преку мобилен телефон, во Западен Балкан и ЕУ ќе се плаќа по исти цени како што се плаќа во сопствената земја.
Ова денеска на Твитер го објави хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ кој вели дека оваа идеја постои одамна, но сега е блиску до реализација.
– Денеска во парламентот се одржа комисијата за европски прашања, на која државниот секретар Андреја Метелко Згомбиќ рече дека главниот договор е веќе потпишан, но треба да се потпишат уште неколку помали договори. Треба да стапи на сила вели Главашевиќ за хрватскиот Индекс, додавајќи дека политичката волја за таков договор постои подолго време.
Според Главашевиќ, во договорот треба да бидат вклучени сите земји од Западен Балкан (Србија, Македонија, БиХ…) кои на каков било начин се вклучени во процесот на влез во Европската унија.
– Ова е дел од една поширока идеја за пристапниот процес. На тоа се работеше додека Хрватска претседаваше со Европската унија. Идејата беше да се создаде модифициран пристапен процес, односно кога земјите ќе исполнат одредени критериуми, нивните граѓани веќе можат да уживајте во некои бенефиции уште пред да влезете во Унијата, рече Главашевиќ.
Тој објаснува и дека ќе има заштитни клузули кои ќе спречуваат на пример, некој од Хрватска да земе претплата во Србија и да плаќа по пониски, дампинг цени“.