Македонија
Со шипки и ножеви претепано младо момче – Се бори за живот
На социјалните мрежи денес можеа да се прочитаат повеќе статуси, според кои Никола Саздовски од Скопје, наводно бил нападнат и претепан на национална основа, како што велат неговите пријатели, со шипки и ножеви. Според статусите, Никола Саздовски е хоспитализиран, но се бори за живот.
Исто така, евидентен е и револтот поради отсуството на било какво соопштение од било која државна институција. Ниту МВР, ниту било која друга институција, нема сеуште официјално пријавено дека ваков настан воопшто се случил.
Истиот револт е насочен и кон медиумите, на кои на социјалните мрежи им се забележува емитувањето на бројни „непотребни содржини“ покрај фактот дека настрадал невин човек.