Македонија

Скопјанка пријавила обљуба врз нејзината 13-годишна ќерка од страна на пет малолетници

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријавила обљуба врз нејзината 13-годишна ќерка.

Според пријавеното, кон крајот на 2019 малолетничката најпрво контактирала преку социјалните мрежи со пет малолетници од Скопје, со кои се познавала од претходно, а потоа имале и интимни контакти.

За настанот е известен тим од Центарот за социјални работи и Jавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести

Back to top button