Скопјанец украл 450 литри гориво пред една година, уапсен вчера
Скопјанец кој во август и септември минатата година крадел гориво, полицијата го уапси вчера. Тој од приватна фирма украл 300, а од ЈСП 150 литри гориво.
– На 05.06.2023, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(36) од Скопје. Тој се сомничи дека во август и септември 2022 година извршил три тешки кражби, при што од две товарни возила на приватна фирма и од автобус на ЈСП украл гориво. Во службен разговор во Полициската станица Кисела Вода тој признал дека на 16.08. и на 17.08.2022 во два наврати од цистерна на приватна фирма одзел вкупно 300 литри гориво и дека на 22.09.2022 од автобус на ЈСП одзел 150 литри гориво.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.