Скандалозно: Ја соблекле гола и ја фрлиле во оган – Истерувале демони, па убиле мајка на две деца
Една 25-годишна жена умрела откако била фрлена во оган за да бидат истерани “демоните” од нејзиното тело, соопштиле властите во Никарагва.
Според зборовите на сведоците, од неа била соблечена облеката и запалена. Службениците потврдиле дека Вилма Трујуло Гарсија имала изгореници на повеќе од 80 проценти од телото.
Поради сето тоа пастор Хуан Грегориа Роча Ромеро и уште четири лица биле уапсени, иако пасторот кажал дека таа самата влегла во огнот за “демонот да излезе од неа”.
Нејзиниот сопруг, Рејналдо Пералта Родригез, изјавил дека имаат две деца, а дека минатата седмица ги одвел во црква, каде верниците мислеле дека Гарсија е опседната бидејќи наводно се обидела да нападне некого со мачета.
“Непростливо е тоа што ни го направија. Ми ја убија жената, мајка на две мали деца. Што да им кажам сега?”, плачел нејзиниот сопруг.