Скандалозен предлог закон во Израел: „Сите што тврдат дека Исус Христос е Бог – три години затвор“
Ултраортодоксните пратеници Моше Гафни и Јаков Ашер бараат забрана за „споделување на христијанската идеологија“ во Израел. Поточно сите што тврдат дека Исус Христос е Бог да бидат казнети со три години затвор. Ваков предлог-закон тие поднесоа до израелскиот парлемент (Кнесетот)
Како што пишува израелскиот портал „Израел нјуз“, според предлог законот, „секој што зборува за христијанската вера и повикува на тоа, треба да оди во затвор на три години“.
Овој предлог-закон ќе му предизвика главоболка на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради опасниот конфликт со евангелистичките христијани во САД и во светот, кои се меѓу најголемите поддржувачи на израелската држава, пишува порталот.
Поранешниот американски комесар за меѓународна верска слобода Сем Браунбек веднаш предупреди дека новиот закон „претставува голема закана за слободата на изразување, човековите права и верските слободи“.
– Предложениот закон ги забранува сите напори на лица од една вера кои на кој било начин сакаат да разговараат или да се обидат да ги убедат следбениците на другите вери да размислат за промена на нивните религиозни верувања, рече Сем Браунбек.
Во последниве години, ескалираа нападите на израелските доселеници врз црковните имоти и светилишта, а последниот од нив беше нападот на црквата во Гетсиманија, „Црквата на сите народи“, како и малтретирањето на христијаните кои ги практикуваат нивните ритуали.