Синото светло на паметните телефони може да доведе до слепило
Од појавата на паметните телефони и таблети и растот на нивната популарност се предупредува дека зрачењето на тие уреди има штетно влијание на луѓето.
Истражувањето на оптичката активност, спроведено на Универзитетот Толедо во Шпанија, покажало дека синото светло може да ги претвори молекулите во очите, во клеточни убијци.
Тоа може да доведе до макуларна дегенерација, болест на окото која е поврзана со возраста и која е водечка причина за слепило.
„Не е тајна дека синото светло му штети на нашиот вид, така што ја оштетува очната мрежница. Се надеваме дека тоа ќе доведе до терапија за забавување на макуларната дегенерација, како нов вид на капки на очи“ рекол професот на одделот за хемија и биохемија на универзитетот во Толедо.
Синото светло предизвикува одредена хемиска реакција за која експертите велат дека е токсична за фоторецептоските клетки на очите.
Истражувањето кое го сповел инситутот за глобално здравје од Барселона, покажало дека синото светло може да биде поврзано со одредени облици на рак.
Според исражувањето, високата изложеност на синото светло е поврзана со ризик од појава на рак на дојка и рак на простата меѓу 1,5 и 2 пати. Синото светло го имитира сонцето, па научниците препорачуваат очила со УВ заштита. Најголем е ризикот при гледање во мрак, поради што се препорачува и избегнување што е можно повеќе.