Избор на уредникотМакедонијаТоп

(ВИДЕО) Син на ексградоначалник на ДУИ пука со пиштол и пушка, додека други го снимале

Приведен е 51-годишен прилепчанец од селото Црнилиште Општина Долнени поради пукање, а врз основа на видео споделено на „Фејсбук“.

Од МВР информираа дека во домот на 51-годишниот Џ.Ќ. во селото Црнилиште, прилепко, најдени се полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол кои ги поседувал со дозвола, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот.

„Пронајдените предмети се одземени поради сомнение за предвизвикување општа опасност“, велат од МВР.

Со оглед на тоа што оружјето го поседувал со дозвола, привремено е одземено по што ќе следи постапка за одземање на дозволата.

Тој е приведен, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син.

Медиумите пренесоа дека лицето кое пукаше во воздух, прво со пиштол, па со автоматска пушка е Абдула Ќамили, син на поранешниот градоначалник на Општина Долнени, Џемал Ќамили од ДУИ

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2
mk Македонски јазик
Следи не на Facebook