Силјановска: Со законот за употреба на јазиците македонското општество станува биетничко и бинационално
Парламент без опозиција не е парламент, вели професорката Гордана Силјановска за емисијата “Фактор“ и додава дека таков парламент Македонија веќе имаше од 1994-98 каде ни се случија лоши работи.
Таа додаде дека оној парламент во кој се изгласуваат закони со мнозинство на сите присутни и тоа се истакнува како позитивно тогаш се има сериозен проблем.
Во однос на разговорите со името Силјановска вели дека промената на името ќе биде многу болна работа.
– Искрено мене ми е и како на некој кој знае што се политички науки, знае што е политика и како некој кој што за името не може и сака да размислува рационално. Како да размислувам рационално за нешто што ме боли, нешто што сум го наследила и нешто заради нешто што опстојувам јас поради моите дедовци и прадедовци. И јас сум загрижена и јас сакам да бидам оптимист се изморивме, не само како нација, не само како држава, како поединци. Извинете однадвор некој спротивно на повелбата на ОН на членот 4 спротивно на правото на самоопределување врз основа на кое ние сме влегле во Југославија и сме излегле од Југославија сега да ви вели дека не сами туку врз основа на предлозите да го смените името е болно, вели Силјановска.
На прашањето зошто се брзаше толку многу со законот за јазици имајќи предвид дека Владата пред да го донесе најави ќе го даде до Венецијанската комисија, а притоа се носи овој закон без спроведен попис на населението, Силјановска вели дека и на нејзе тоа не и е јасно.
-И јас се прашувам зошто. Дури и од Хан слушнавме дека тоа не е еден од приоритетите зошто тоа е кога имате едно фрагилно мнозинство парламентарно, сигурно дека еден од важните точки на договорот политички бил тој закон. Јас исто така се чудам зошто ние кога имаме насушни приоритети на кои треба да им се посветиме, приоритети кои значат демократски исчекор, европеизација, грижа за економските прашања за социјалните прашања ние им се посветивме на јазичните. Тоа е дел од договорот на коалиционите партнери, рече Силјановска.
Она што е чудно за Силјановска е и што во говорот на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг имаше поздрав по повод донесувањето на законот за јазиците.
– Чудно е генерален секретар на НАТО да дава изјави за тукушто донесен занок кој се уште не влегол во сила. Би било добро да чуеме од него за покачените средства во министерството за одбрана бидејќи тоа навистина има врска со нашиот пат кон НАТО, вели Силјановска
Во однос на инклузивноста што некој ја говори цело време Силјановска има големи забелешки. Таа вели дека македонското општество е хетерогено, мултукултурно, мултиетничко, мултијазично меѓутоа ова не еден модел на инкулузија.
– Инклузивноста значи сите заедници и нивните јазици би имале барем Уставен третман. Иако насловот на законот е закон за употреба на јазците во него има само 2 члена од кои едниот е препишан во Уставот кои што се однесуваат на јазикот на помалите заедници. И мене затоа многу ме зачуди гласањето во Собранието кога токму претставници на помалите заедници лесно си кренаа рака. Македонското општество се развива, а особено со овој закон како биетничко како бинационално како асиметрична инкулзија, додава Силјановска.
Таа вели дека на овој начин ќе се потенцира бинационалниот карактер на македонското општество и никој не може да убеди дека без комуникациски код олицетворен во еден јазик со кој ќе комуницираат сите ќе може едно општество да биде поинтегрирано општество туку напротив ќе биде едно поделено општество и се помалку ќе се разбираме меѓу себе.