Силен пожар во прилепско – Жителите на Житоше, Подвис и Локвени очајно бараат помош

Објавено: среда, 2 август 2017 во 23:32
Spread the love

Пожарите кои денес околу 13 часот избувнаа во прилепско брзо се шират. Загрозени се прилепските села Житоше, Подвис, како и Локвени кое е едно од најзагрозените моментално.

Жителите на социјалните мрежи апелираат брзо да се реагира од надлежните служби како и од граѓаните бидејќи сериозно е загрозен локалниот манастир „Св. Атанасиј“.

Црковниот одбор апелира за итна помош од сите служби и добронамерни граѓани за да се спаси манастирот, а и да не се прошири овој пожар.