Македонија

Шверцерите сред Скопје тепаат деца, граѓаните повикуваат на зголемено полициско присуство или самоорганизирање (ВИДЕО)

Пред два дена на инстаграм-профилот puls.podzemlja се појави страшно видео снимено во центарот на Скопје, во кое се гледа како група од неколку момчиња физички напаѓа две други, наводно без причина. Напаѓачите, според неофицијални информации, се припадници на навичката група Шверцери, пренесува порталот Инфомакс.

Случајот бил пријавен во полиција во четвртокот, околу 03.00 часот по полноќ.

Откако видеото беше поставено на Интернет, на социјалните мрежи, граѓаните повикаа на големо присуство на полицијата во критичните зони во градот но и во градските автобуси. Граѓаните повикаа и на самоорганизирање за да си ги заштитат децата.

По извесен период видеото беше тргнато од социјалните мрежи.

Поврзани вести

Back to top button