СветТоп

Што се случува со ветениот рај на ЕУ, расте бројот на мигранти се зголемува и криминалот

Сто триесет и три детонации на бомби се случија досега во Шведска годинава, а земјата е веднаш зад Мексико по вакиот тип напади, меѓу земјите кои не се официјално во војна. Во очај земјата ја повика и војската на помош да го врати редот и мирот. Што се случува со ветениот рај на ЕУ?

Курд Рава Маџид, 37-годишник кој пораснал во Упсала и кој пребега во Турција поради смртни закани стои само зад дел од нападите. Тој е дел од бандата позната како Фокстрот. Оваа криминална група врвува млади луѓе од 13 до 16 години, а според началникот на шведската полиција има случаи кога децата сами контактирале со банди за да извршат убиство!

Според шведската полиција, шведските затвори се полни со негови помагачи и членови на други банди. Полицајците пробаа да го натераат да биде уапсен и екстрадиран, но информациите за операцијата предвреме стигнаа до Маџид.

Шведска посегнува по војската за да го врати редот и мирот, иако не е јасно како точно тоа ќе се спроведе. Војската би можела да преземе некои од задачите на полицијата.

Една од предложените мерки е полицијата да може да користи софтвер за препознавање лица и регистарски таблички од снимките од камерите за надзор, какви што веќе користи Кина во своите системи и за кои Кина е на лош глас дека ги шпионира сопствените граѓани.

Шведска има веќе поставени камери за следење на сообраќајот кои би можеле да се пренаменат.

– Целата поента е дека ова треба да се заврши во рок од шест до осум месеци, што е нешто што обично трае двојно подолго – рече шведскиот министер за правда Гунар Штромер.

Во август шведската полиција приведе 69 лица помлади од 18 години. Кон крајот на септември, три лица беа убиени во една ноќ во одделни инциденти, со што минатиот септември беше најсмртоносниот месец во историјата на земјата во однос на оруженото насилство.

Маж беше пронајден застрелан до смрт на плоштад во Хелсингборг, град во југозападна Шведска, во четвртокот. Околу 18:40 часот по локално време, полицијата и итната помош биле алармирани и пристигнале на плоштадот Густав Адолфс, каде што бил пронајден маж со прострелна рана.

Полицијата смета дека пукањето се случило на плоштадот, а се трага по двајца сведоци на инцидентот. Засега нема информации за состојбата на човекот кој е застрелан, но полицијата успеала да го испраша пред да биде пренесен во болница.

Претходно, на почетокот на неделава, маж на околу 20-ти години беше уапсен под сомнение дека пукал во трговскиот центар „Мобилија“ во Малме и се обидел да изврши убиство.

Лани повеќе од 60 луѓе загинаа во престрелки во Шведска, најмногу регистрирани досега, а оваа година се очекува да биде исто или полошо. Четири лица на милион луѓе умираат секоја година од пукотници во Шведска, дупло повеќе во споредба со 1,6 по население во другите европски земји.

Минатата година биле забележани 391 престрелка, од кои 62 биле фатални, додека претходната година од огнено оружје биле убиени 45 лица, објави британски „Гардијан“.

Поврзани вести

Back to top button