Живот

Што се случува со телото кога ја задржувате урината (ВИДЕО)

Морате итно да одите во тоалет, но го чекате тој последен момент само да напишете порака, да подрачистите, да ја подгреете храната..

Колку е штетно да ја задржувате урината? Како тоа се одразува на вашиот организам?

Во суштина тоа не е опасно, се додека тоа не го правите пречесто. Возрасно лице може да задржи половина литар течност, додека не дојде до моментот навистина да мора да оди во тоалет.

Сепак, ако постојано ја задржувате урината, може да дојде токму до состојба која се нарекува уринарно задржување, кога не сте во можност целосно да го испразните мочниот меур.

Тогаш се ослабени ѕидовите на мочниот меур, што може да биде подлога за бројни бактерии. Така доаѓа и до чести воспаленија и уринарни инфекции.

Во ретки случаи, мочниот меур може и да пукне. Меѓутоа, тогаш тој е веќе значително оштетен.

„SciShow“ објави интересно и едукативно видео.

Поврзани вести

Back to top button