ЖивотИзбор на уредникотСвет

Што ќе се случи ако нѐ снема? (ВИДЕО)

Човештвото има постигнато огромни промени и напредок во одржување на својот вид на Земјата и се стреми кој проучување и освојување на огромното вселенско пространство. Но, што би се случило ако нѐ нема?

Покрај сѐ што имаме направено за нас, ние, луѓето, сме најголемите виновници за уништувањето на природата, што според многу научници евентуално ќе нѐ уништи нас.

На планетата Земја живеат најмалку 7,6 милијарди луѓе и тој број секојдневно се зголемува. Но, ако сите нѐ снема од која било причина – одеднаш или постепено – Земјата не само што ќе продолжи да постои, туку и ќе заздрави и ќе биде подобро место за живеење за сите други видови.

За жал, „спомениците“ на човековата глупавост, загадувањето кое го оставаме секојдневно зад себе, ќе останат долго време после нас. Треба да поминат најмалку 230 години од згаснувањето на човештвото и неговото влијание, за да може растенијата и дрвјата да го исчистат целиот јаглерод диоксид од атмосферата. Шумите би го зафаќале поголемиот дел од Северна Америка, а единствениот знак дека некогаш таму имало цивилизација би биле остатоците од челик и пластика.

Погледнете го вдиеото на BBC Earth за повеќе детали:

Поврзани вести

Back to top button