Шестооделенка од Тетово ја донира својата коса за перика наменета за деца болни од рак
Шестооделенката Јована Симовска ученик во основното училиште Андреја Савеска Ќиќиш во Тетово, реши да ја скрати својата долга коса која ја негувала со години, за да ја донира во холандска организација со цел да изработат перика за деца болни од рак. Симовска одржа лекција по хуманост од нејзина десетгодишна возраст.
По примерот на Јована, и нејзината помала сестра Јана ќе ја скрати косата за да ја донира. Вели дека хуманиот гест ќе го направи наскоро. Чека да и порасне косата уште неколку сантиметри, за да ги исполни критериумите на организацијата.
Снежана Стојановска психолог во основното училиште Андреја Савески Ќиќиш, вели дека Јана и Јована се херои на училиштето и упатуваат порака која треба да стигне до сите нас.
Јована со нејзината сестра Јана не испрати од училиште. Вели, косата ќе порасне, може и пак да ја донирам, но чуството дека со овој за мене мал гест сум помогнала на некого, секогаш ќе го носам.