Свет
Северна Кореја е подготвена да го потопи американскиот носач на авиони
Северна Кореја соопшти денеска дека е подготвена да го потопи американскиот носач на авиони, со цел да ја демонстрира нејзината воена моќ.
-Нашите револуционерни сили се подготвени за борба и за потопување на американскиот носач на авиони со само еден напад, објави државниот весник „Родонг Синмун“.
Весникот го спореди носачот на авиони со „грубо животно“ и наведе дека нападот врз него ќе биде „вистински пример за демонстрација на силата на севернокорејската војска“.
Во Северна Кореја в вторник се одбележува 85-годишнината од основањето на Корејската народна армија, а оваа земја сите важни годишнини го одбележува со програма за вооружување.