Северина од Инстаграм заработува исто колку и нејзините колешки од пеење
Популарната пејачка од Хрватска, Северина Којиќ, може да се пофали со одлична заработка преку социјалната мрежа Инстаграм.
Илијадници луѓе ја следат Северина на Инстаграм, а тоа некои фирми сакаат да го искористат во маркетинг цели, па на пејачката и нудат до 5.000 евра за реклама, односно пост.
„Северина има добра цена за реклама на Инстаграм бидејќи е популарна во целата бивша Југославија. Освен што добива бесплатна гардероба, накит, чанти, часовници во замена за објава на интернет, фирмите и даваат и пари.
Кога овој вид рекламирање беше во почеток, заработуваше по 1.000 евра по објава, а сега цената оди и до 5.000 евра. Тоа се огромни пари, а таа ги инкасира за неколку минути“, открил извор за Хит.
Интересно е што истите пари некои нејзини колешки ги земаат од настап во дискотеки.
Изворот додава дека пејачката во овој бизнис сака да го вклучи и сопругот, кој би рекламирал машки производи.