Живот

Семејството со десет деца стана мегапопуларно во САД (ВИДЕО)

Касандра (32) и Џејкоб Морис (35) од американската држава Јута, денес се смеат на првичните желби. Тие признаваат дека не чувствувале дека нивното семејство е целосно додека не го добиле своето десетто дете во јули минатата година.

Нивното семејство вклучува два пара близнаци и само една ќерка, која е родена на 9 април 2018 година и се вика Лили.

Џејкоб дизајнира и продава домашни апарати, а Касандра е домаќинка.

“Никогаш не би го сменила моето големо семејство за ништо. Кога го добивме второто дете, мислевме дека имаме многу деца. Но, испадна дека не е така и тоа беше најдобрата одлука што донесовме”, тврди Касандра.

“На крајот на денот, ние сме само нормални родители кои имаат десет деца. Да, затоа сме малку поразлични, но се сакаме едни со други “, додава мајката.

Тие признаваат дека слушнале разни коментари.

„Некои нè напаѓаат затоа што сме неодговорни, но ние ги отфрламе ваквите коментари“, истакнува Џекоб.

Нивното семејство го сочинуваат 10-годишниот Стивен, 9-годишниот Кристофер, 7-годишните близнаци Вилијам и Рин, 5-годишните близнаци Спенсер и Макс, 4-годишниот Томас, 3-годишниот Хенри, 1-годишната Лили и 6-месечниот Питер.

“Луѓето мислат дека имаме еден куп невоспитани деца кои не го знаат редот затоа што ги има толку многу, но не е така. Да се ​​биде дел од толку големо семејство е добра подготовка за животот затоа што тие учат да прават компромиси и да се занимаваат со различни личности. Затоа, моите деца се воспитани “, тврди Касандра, која води блог за своето семејство.

Инаку, тие припаѓаат на црква ,која забранува контрацепција.

„Постарите деца се грижат за помладите“, вели Касандра.

Сепак, сè не е идеално.

“Кога станува збор за оброците, мораме да планираме оброци еден месец однапред. Нашите деца не бараат многу, немаат алергии, а оброците не се комплицирани.Готвиме многу супи, печеме пици, подготвуваме енчелади и салати”, вели таа.

За да се нахранат 12-те, трошат 250 долари неделно.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button