Македонија

Семејството Ангеловски од Доброшане бара помош за спас од сиромаштијата

Без основни услови за егзистенција живее петчленото семејство Ангеловски од населбата Доброшане. Столбот на куќата, 52 годишниот Јово иако пред пет години има вградено два бај паса поради проблеми со срцето е принуден самиот  да се грижи за одржување на целото семејство  бидејќи неговата 14 години помлада сопруга Марина не е работоспособна .

Поради психичката состојба  во која се наоѓа откако го родила првото дете ,  таа прима постојана социјална помош, чиј износ  последниве два месеца е речиси двојно намален. Од парите, 1.000 денари месечно трошат на потребните лекови , околу 500 денари за потрошена електрична енергија, а со останатите треба да школуваат две деца и да се прехрануваат во текот на месецот.

Не знаеме што е проблемот, порано земавме 7.900 денари, сега ни ги намалија не ја знаеме причината, сега земаме 4.000 денари. Ги трошиме за струја, за леб немаме, одам од куќа на куќа да барам леб, немам леб, ни сол ниту вегета, немаме што да јадеме.  Не работам поради операциите, имам два бај паса пред  5 години, има поднесено барање за инвалидска пензија, но ме одбија, и веќе не знам што да правам,  затоа се обративме до медиуми, изјави Јово Ангеловски, социјален случај

Ангеловски не е способен за работа, но апелира до институциите и бизнис заедницата доколку можат да му помогнат  да го вработи својот 20 годишен син, кој по струка е ветеринарен техничар.

20, 19 и шесто  одделение, никој не сака да го вработи, ако има да јадат ќе бидат здрави, ако не и тие ќе разболат како нас, таа не може да се грижи, се е преку мене, , во Филанд за пластика, направив операција, ми ги секоа вените, да ни се помогне со парична помош, изјави Ангеловски.

На  семејството Ангеловски му е добредојдена секаква помош, од парична , преку мебел до технички апарати за домаќинство бидејќи немаат фрижидер, шпорет ниту пак  бојлер.

Прилог на Телевизија Плус.

Поврзани вести

Back to top button