Избор на уредникотМакедонија
Семејства со деца со посебни потреби, деца на самохрани родители и социјално загорзени ќе добијат бесплатно летување
Семејства со деца со посебни потреби, деца на самохрани родители и деца од социјално загрозени семејства ќе добијат бесплатно летување, благодарение на фејсбук групата „Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце“.
Во акцијата годинава првпат овие деца и нивните родители добија можност за летување надвор од Македонија, благодарение на неколку туристички агенции.
Некои семејства немале можност на езеро да отидат, а за море да не правиме муабет“, велат од „Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце“.
Во петок на Крф во Грција, веќе заминуваат две семејства, а две во Полихроно, Грција.
извор: Емазагин.