Македонија
Селмани: Врзете ги кучињата, тие се дел од вашата коалиција, тие кучиња мора да бидат врзани
Очигледно Владата не презема ништо, не правите ништо. Затоа ви кажувам врзете ги кучињата, тие се дел од вашата коалиција, тие кучиња мора да бидат врзани, му порача претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, кој се појави на протестот на новинарите пред Владата.