Популарната Селена Гомез изминатава година се повлече од јавноста, пријавувајќи се на рехабилитација за да го подобри психичкото здравје. Па по тој повод си ја отвори душата во последното интервју и го изјави следново.
Минатата година патев психички и физички. Не можев да се присилам да се смеам и да се правам дека сѐ е во ред, кога не беше. Имав чувство дека болката и анксиозноста ја преземаа контролата врз мојот живот, тоа ми беше еден од најстрашните моменти во животот.
Побарав помош од докторите кои ми ја поставија вистинската дијагноза и тоа ми делуваше истовремено застрашувачки и олеснувачки. Застрашувачки зашто сѐ се откри, а олеснувачки зашто конечно дознав зошто со години се борам со депресија и анксиозност. Иако ова не значи дека тој дел од мојот живот исчезнал, сепак можам да кажам дека после една година интензивна работа на себе сум посреќна, поздрава и конечно ги држам емоциите под контрола – вели Селена.