Живот

Селен Дион за својот починат сопруг: Можеби не го слушам неговиот глас, но јас зборувам со него и мислам на него

Селин Дион се врати на сцената со трогателна, емотивна изјава за нејзиниот сопруг Рене, кој почина од рак во јануари.

„Сфатив дека мојата кариера беше на некој начин неговото ремек-дело, неговата песна, неговата симфонија. Ако би го оставила ова незавршено, тоа него би го болело ужасно. Јас морам да продолжам без него, но за него.“

Така ја поздрави публиката Дион со слајд-шоу во позадина на кое беа прожектирани и измонтирани материјали и фотографии од нејзиниот сопруг. Од неговото детство, младоста, нивната љубов, тој како сопруг и нивните деца. Оваа емотивна презентација, Дион ја заврши со нејзиното појавување на сцената со “With One More Look At You/Watch Closely Now”, без пред тоа да каже ниту еден збор.

„Тој секогаш е на сцената со мене. И тоа никогаш никој нема да го промени!“ вели пејачката со најмоќниот глас. Таа раскажува за нејзиниот Рене кој секогаш ја придружувал со најдобри позитивни луѓе. Дион толку многу му верувала, што никогаш не морала да се грижи за ништо затоа што секогаш тука бил нејзиниот сопруг за да го направи тоа.

Селин Дион ја споделува тагата и болката раскажувајќи дека откако него го нема, таа сѐ повеќе го чувствува неговото присуство. Рене бил нејзиниот најголем критичар и тој никогаш не ѝ велел да го слуша тоа што го сака, туку тоа што треба.

„Ние секогаш ќе бидеме едно. Можеби не го слушам неговиот глас, но јас зборувам со него и мислам на него цело време“.

Меѓу другото, убаво е да се напомене дека сопругот на ѕвездата, бил единствениот маж што таа го знаела цел живот и тој секогаш ја правел да се чувствува дека се на првиот состанок. Нели е тоа прекрасно?! …Но и тажно, истовремено!

Поврзани вести

Back to top button