Избор на уредникотРелигија

Секој кој ќе се помоли на Св. Василиј Острошки доживува чудо: Ова се трите најголеми

Манастирот Острог во Црна Гора е место на кое луѓе од целиот свет го бараат своето спасение и се молат на Бога, но и се обидуваат да се излечат. Тие се молат за среќа и здравје, за себе и за своите најблиски. Чудата се возможни, а тоа го докажуваат приказните кои се пренесуваат за ова место.

Острошките монаси забележале стотици чуда и тие се чуваат во библиотеката на манастирот Острог. Некои од нив ги објавил јеромонахот Иринеј Гавриловиќ, а ние ви ги пренесуваме во целост:

-Еден занаетчија од околината на Никшиќ многу се разболел. Лекарите утврдиле дека парализата е во последен стадиум. Тие се откажале и му соопштиле на семејството дека нема лек за неговата болест. Човекот не можел да се движи. Некој роднина ги посоветувал да го посетат манастирот Остроф на Свети Василиј, но тој одбил, бидејќи бил атеист, неверник. По извесно време, во сон му се јавил Свети Василиј и го повикал во манастирот.

На крај човекот одлучил да го посети манастирот. Тој се исповедал и цела ноќ ја помиал во манастирот, каде му читале молитви. По кратко време целосно оздравел, а од благодарност кон светецот на својот син му го дал името Василије.

-Вера Ј., млада девојка од околината на Бар, службеничка, изненадно се разболела во 1950 година, од тешко нервно растројство и поради тоа не била способна за никаква работа.

Загрижените родители ја воделе кај сите лекари и барале помош од најдобрите специјалисти, но за жал без успех. Нејзината здравствена состојба од ден на ден се влошувала. Кога целосно била изгубена надежта дека девојката ќе оздрави, мајката одлучила да ја доведе во Острог, и таму да го побара лекот.

На пат тргнале почетокот на зимата истата година. Со голема мака преминале од долниот до горниот дел на манастирот. Девојката барала да се врати назад. Со големи напори ја одвеле горе во манастирот каде и читале молитви. Таа ноќ ја поминала во Горниот манастир. Другиот ден, девојката се разбудила целосно здрава, на големо изненадување и радост на нејзината мајка и сите присутни. Се вратила среќна во својата куќа и за неколку дена ја продолжила својата работа како службеник.

-Ќерката на една постара госпоѓа од Ниш имала тешко заболување на белите дробови. Лекарските интервенции започнале многу касно. Една вечер, додека тажната мајка седела покрај болната ќерка, која имала огромна температура, од замор заспала. Во сонот и се појавил Свети Василиј Острошки и рекол да не плаче, бидејќи тој ќе ја излечи нејзината ќерка.

И навистина, утрото на девојката и било многу подобро. По новиот преглед лекарите не можеле да веруваат. Тие утврдиле дека девојката е целосно здрава. Мајката добро го запомнала ликот кој и се појавил во сонот и кога потоа во црква ја видела иконата на Свети Василиј, препознала дека тоа бил тој.

Поврзани вести

Back to top button