Избор на уредникотМакедонија

Седат и Јасмина се видоа повторно една година по трагедијата кај Ласкарци

На денешен ден пред една година се случи страшната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, која сите нас не научи на поголема хуманост и солидарност. Не научи да си помагаме кога е најпотребно и да се грижиме едни за други, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кај кого повторно се сретнаа Седат и Јасмина. Седат ѝ помогна на Јасмина која беше заробена под автобусот, во кој загинаа 17 патници.

Минатата година, Седат успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Неговата најголема желба била Јасмина да биде жива. Заеднички ја најдовме и бев сведок на емотивниот момент кога таа го запозна човекот што ѝ го спасил животот.

Утрово се сретнав со Седат и Јасмина. Таа се заблагодари за целокупната грижа од страна на медицинскиот персонал затоа што е повторно жива. Во вакви тешки моменти се гледа хуманоста и добрината, се гледа пожртвуваноста да се помогне. Тоа се моменти што не потсетуваат дека тука сме да помогнеме еден на друг.

На тој ден, целокупниот здравствен систем беше активиран за 15 минути и здравствените работници направија сѐ за да ги спасат животите на тешко повредените.

Најдлабока благодарност за сите здравствени работници кои го дадоа својот максимум за да ги спасат човечките животи на нашите сограѓани, пријатели, роднини. Најголема благодарност за професионалноста и медицинската стручност. Никогаш повеќе да не ни се случи ваква трагедија, вели Филипче.

Поврзани вести

Back to top button