Uncategorized

Се заострува ситуацијата во Албанија, уапсени 16 опозиционери, демонстранти го блокирале конвојот на премиерот Рама (ВИДЕО)

Албанската полиција уапси денес 16 претставници и симпатизери на опозициската Демократска партија во албанскиот град Перенџас, под обвинение дека го блокирале сообраќајот и ја спречувале изборната кампања на владејачката Социјалистичка партија.

Како што пренесуваат албанските медиуми, четворица функционери на Демократската партија, двајца локални лидери и двајца генерални секретари, поранешен пратеник на Демократската партија и тројца симпатизери на опозициската партија се уапсени поради нелегално организирање собир.

Апсењата следеле откако демонстрантите му го блокирале патот на конвојот автомобили на премиерот Еди Рама во Перенџас, каде требало да се сретне со партиските симпатизери и да се соопшти името за кандидатот за градоначалник на тој град.

Ова се случува во време на длабока политичка криза во Албанија, откако претседателот на државата Илир Мета со указ ги одложи локалните избори закажани за 30 јуни, а владејачката Социјалистичка партија на Рама во парламентот почна иницијатива за негово разрешување.

Рама во неколку наврати ги предупреди демонстрантите дека ќе бидат уапсени сите кои ќе се обидат да ја блокираат политичката кампања на неговата партија и локалните избори.

Поврзани вести

Back to top button