Вчера во 18.11 часот во СВР Скопје било пријавено од Д.Ј. (22) дека бил нападнат во приватна здравствена установа во Чаир.
МВР информира дека Д.Ј. пријавил дека околу 17:45 часот во приватна здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија околу ред за влегување, бил физички нападнат од Љ.Ч., кој употребил и остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.