Бизнис

Се очекува огромен раст на цената на златото

Закрепнувањето на берзите, во средата ја намали за кратко цената на златото, но австралиските експерти предвидуваат “метеорски“ раст на цената на овој благороден метал годинава.

“Од почетокот на годината, цената на златото во долари се зголеми за околу 15 отсто на 1.250 за унца, но, пресметано во австралиски долари, ефектите на златото се уште подобри. За само шест недели, цената на злато зајакна повеќе од 20 проценти. Ние го купуваме по цена од 1.700 австралиски долари за унца, вели Џордан Елисео, економист во ABC Bullion и додава дека откако во 2011 година го достигна максимумот од 1.900 долари за унца, цените на златото се во опаѓање во континуитет, се до оваа година.

Повикувајќи се на извештајот на Светскиот совет за злато (World Gold Council), кој вели дека во втората половина на 2015 година, побарувачката на Централните банки за злато се зголемила за 25 отсто, аналитичарите велат дека евидентен е зголемен интерес на банките од долари, кон овој благороден метал.

Поврзани вести

Back to top button