Се обидела да украде милиони: Уапсена бидејќи го искористила сопругот, богат бизнисмен
Новата, 26-годишна сопруга на еден 77-годишен американски бизнисмен, е уапсена и обвинета на Флорида дека го искористувала за да дојде до неговите пари.
Таа се обидела од сметката на својот сопруг преку чекови да подигне речиси милион долари. Лин Хелена Халфон била уапсена на Меѓународниот аеродром во Тампа. Обвинета е за перење на пари, организирана измама и експлоатација на постари лица.
Судијата и одредил кауција од милион долари, доколку сака да се брани од слобода. Весникот “Tampa Bay Times” ја известил дека нејзиниот сопруг, бизнисменот од Тампа, Ричард Рапапорт, со неверување ја примил информацијата од инспекторите за тоа што прави неговата сопруга, велејќи дека сака тие сомненија дополнително да се проверат.
Рекол дека не сака таа да биде депортирана во родниот Израел. Еден службеник од компанијата за финансиски услуги “Амскот” во Тампа, одбил да и ги смени на Лин Хелени Халфон чековите, но потоа една компанија од Орландо прифатила да смени два чека во вредност од 666.000 долари.
Запрашан подоцна дали смета дека е жртва на измама, Рапапорт на инспекторите им одговорил потврдно. Халфон и Рапапорт се венчале во август. Ќерката на Рапапорт, Дејна Титус, изјавила дека семејството не знаело за бракот. Таа смета дека Халфон можела да го “обработува” нејзиниот татко поради неговите поодминати години.