Живот

Се бара за измама: Го лажела дека тој е нејзината најголема љубов, тој ѝ дал 250 илјади евра

Хагенската полиција сега ја истражува измамата и бара сведоци кои може да пружат информации за осомничената која го користела мажот за да ѝ уплаќа пари.

Полицијата во германски Хаген бара русокоса жена која летото 2019-та година измамила маж, кој верувал во голема љубов.

Тогаш на интернет запознал жена која се претставила како докторка од САД на работа во Ирак. Го лажела дека тој со време станал нејзина голема љубов.

Поради таа љубов, мажот во неколку пратки и пратил вкупно 250.000 евра, а таа потоа едноставно исчезнала.

Меѓу другото, тврдела дека од својот татко наследила авион. За да може да го продаде, морала однапред да плати разни надомести, а мажот ѝ поверувал.

Хагенската полиција сега ја истражува измамата и бара сведоци кои може да пружат информации за осомничената.

<

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button