Се бара помош за тригодишниот Алексеј од Скопје кој боледува од ретка болест
На тригодишниот Алексеј од Скопје кој е предвремено родено бебе, дијагностицирана му е ретка болест, хипоксична енцефалопатија. Болест која се каракетризира со недостаток на кислород во мозокот и создава ризик од сериозни оштетувања.
Болеста на Алексеј му ја дијагностицирал доктор од Турција, каде треба да замине на операција за трансплантација на матични клетки.
Мајката на Алексеј, Бранкица раскажа дека пред една недела ја добила дијагнозата на нејзиниот син и вели дека се уште не може да се соземе од информацијата, затоа што лекарите во Македонија состојбата на Алексеј ја воделе како како задоцнет развој и блага форма на аутизам, пишува „Репортер“.
За првите две трансплатации семејството има потреба од 19.000 евра, а доколку успеат, ќе престојат уште четири, за што би требало најмалку 60.000 евра.